​„Иван и јас се разделивме поради притисокот на медиумите“!

Јелена Томашевиќ ја отвори душата во врска со крајот на нивната љубовта со актерот!

Пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ поминале низ турбулентна фаза во текот на нивната децениска љубов. Тие денес важат за еден од омилените парови од српската јавна сцена, меѓутоа, не било секогаш лесно.

Малкумина се сеќаваат дека во еден момент пејачката и актерот раскинаа, и дека секој тргна по својот пат. Јелена Томашевиќ отворено проговори за медиумите за оваа фаза од нејзиниот живот.

– Тоа се случи пред повеќе од 10 години. Јас и Иван се забавувавме и под притисок на медиумите раскинавме. Секој имаше своја приказна, свое мислење за тоа: треба или не. Сега, од оваа перспектива, сфаќам дека не сме знаеле како да се справиме со тоа, дека можевме многу поелегантно да поминеме низ сето тоа, но тогаш едноставно не знаевме – изјави Јелена своевремено во емисијата. „Кец на једанаесет“.

Сепак, по извесно време сфатиле дека се судени еден на друг, се смириле и се венчале. Како круна на нивната љубов тие ја добија ќеркичката Нина која денес е центар на нивниот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e