Емир Хаџихафизбеговиќ: ногата ми отече и ме подготвуваа за ампутација

Босанскиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ во август итно бил пренесен во сараевска болница каде требало да се изврши оперативен зафат. Иако само две недели претходно тој беше виден на црвениот тепих од Саревскиот филмски фестивал,  двете изведби на претставата „Се сеќаваш ли на Доли Бел“ , во Будва и Тиват беа откажани со образложение дека се повредил, но не беше прецизирано што и како.
Емир во март оваа година во тек на една претстава го скина мускулот, но до крај успеа да издржи да ја одигра цела претстава, без да забележи публиката. Иако на почетокот било сè во ред во август дошло до големи компликации, односно дошло до венска тромбоза поради што бил упатен на идна операција, а докторите го предупредиле дека можно е и да му биде ампутиран палецот во најлош случај и целото десно стапало.
Емир кој поради дијабетес ослабна осум килограми, на сараевската претремиера на последниот негов филм „Син“ се напил апче и заминал иако имал температура. Следниот ден кога била закажана премиерата не можел да стане од кревет поради висока температура. Тогаш забележал дека ногата му отекува и поцрвенува, па веднаш заминал во болница, каде итно бил опериран. За среќа операцијата поминала во најдобар ред и не била потребна ампутација, а денес кога треба да игра претстави за да издржи до крај, тој мора да прими инекција против болки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e