Злоупотреби при изградбата на автопатот кој денеска ќе се пушти во употреба

По шест години изградба делницата Демир Капија-Смоквица влегува во сообраќаен промет со две клучки, два тунела долги по 1.200 метри, шест моста, шест потпатници, два натпатника, а од минатиот месец и со истрага на СЈО.

Точно напладне, денеска на свечена церемонија ќе биде пуштена во употреба автопатската делница Демир Капија – Смоквица, последниот дел од Коридорот 10 низ Македонија. Се работи за последните 28 километри од автопатот „Пријателство“, чија изградба започна во септември 2012 година. Претходната Влада на Груевски како краен рок за завршување на делницата го постави септември 2016 година, но не успеа дотогаш да ги заврши работите. Автопатот на ралацијата Демир Капија – Смоквица се градеше со 130 милиони евра средства од Европската инвестициска банка, со кредит од 107 милиони евра Европската банка за обнова и развој и со 45 милиони евра грант од Европската Комисија.

Свеченото пуштање во употреба ќе се одржи пред вториот тунел, а на церемонијата ќе присуствува премиерот Зоран Заев, претставници на Директоратот за проширување на ЕУ, претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, членови на Владата, претставници на општините низ кои поминува автопатот, како и претставник на грчката влада, најверојатно министерот за инфраструктура и транспорт.

По шест години работа, делницата располага со две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри, шест моста со должина од 100-500 метри, шест потпатници и два натпатника. Таа е широка 25,6 метри, има две ленти за возење и една за застанување, и средишен зелен појас широк три метри.

Целиот текст на ДојчеВеле прочитајте го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e