Зибери позитивен на Ковид-19, раководството на ДУИ треба да оди во самоизолација, а не на избирачки места?!

Како што пренесува Фокус, од ДУИ веќе било потврдено дека кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери, е позитивен на Ковид-19.

Според објавата на Фокус, од партијата ДУИ им кажале дека Зибери денеска го добил решението дека е позитивен на корона вирусот, но не знаат кога и каде се заразил, бидејќи како што велат во кампањата имал контакт со многу луѓе.

Доколку оваа информација биде и официјално потврдена, тогаш раководството на ДУИ не смее да оди на избирачки места и задолжително треба да се самоизолира, а сите кои биле во контакт со Зибери мора да ги почитуваат протоколите и да бидат подложени на тестирање за присуство на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e