Жерновски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја плати цената на овие избори за кочењето на повисоките плати и пензии

Тој што ќе изгуби на изборите треба да се повлече од политичката сцена. Дојде до една забуна во однос на тоа дали Мицкоски и Заев треба да се појават како носители на изборна единица. Мицкоски треба да се појави во првата изборна единица, сите го чекаме таму, но ќе видиме, вели Андреј Жерновски заменик министер за надворешни работи и член на Извршниот одбор на СДСМ.

Жерновски исто така изјави дека не може да се сфати тоа дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието кога кочат закони кои се во интерес на граѓаните.

-Денеска слушнавме како ВМРО-ДПМНЕ прифати да се деблокира Собранието, во однос на законите за повисоки плати и пензии. 320 илјади пензионери го чекаат ВМРО-ДПМНЕ за поголема пензија. Нема логика да кочите нешто што оди во интерес на граѓаните, но за тоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе ја платат цената на овие избори. Демагогијата на лажни вести е персонификација на Антоијо Милошоски. Јасен е ставот кој го блокира Собранието и законите. Истата стратегија 2 години, не можам да разберам. Ако мислите дека вака ќе гласаат граѓаните за вас, сте се излажале. Оваа блокада увреен сум дека ќе заврши со изборите каде дефинитвно ќе завршиме со груевистичкиот начин на делување и размислување во ВМРО-ДПМНЕ, вели Жерновски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e