Жбогар: Македонија ја заслужи безусловената препорака

Македонија ја заслужи безусловената препорака, но ја очекува многу работа, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која го претстави извештајот.

Препораката од извештајот е кристално јасна, процесот на евроинтеграција не е техничка работа на штиклирање на задачите. Се работи за прифаќање и споделување на европските основни вредности. Потребно е да се одржат и продлабочат реформите. Одлуката за отпочнување на преговорите бара едногласно решение од сите 28 земји членки – рече Жбогар.

Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, нивната партија е најзаслужна за остварување на условите за позитивното во извештајот, а сегашната власт на СДСМ „тоне во корупција“.

– Денес благодарение на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Македонија го изгради потребниот капацитет и е подготвена да започне преговори за членство со ЕУ. Наместо да продолжат по нашиот пат, денес ние ја имаме обратната слика. СДСМ ветуваше дека РМ ќе ја внесат во ЕУ и НАТО само за шест месеци од доаѓањето на власт. Но сега сме сведоци на растечка корупција наведени и во Извештајот. РМ е најкорумпирана земја во Европа, а тоа е нотирано и од Транспанси интернешнел –  рече Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e