Зекири: Сметам дека коалицијата со ДУИ во 2016 беше на штета на СДСМ

-Од почеток кажавме дека сме отворени за коaлиција со албанските партии, Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците, ДПА. Ваков тип на коалиции немало до сега, кога станува збор за парламентарни избори. Османи кој вели дека оваа коалиција е на штета на Албанците, заборава дека во коалиција бевме за парламентарните избори, рече потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири во вечерашното гостување на „Топ тема“ на Телма ТВ.

-Јас сметам дека коалицијата со ДУИ во 2016 беше на штета на СДСМ. СДСМ ја истурка цела кампања тие избори на ДУИ. ДУИ ги донесоа Албанците во лоша состојба, што направија за Албанците. Што направија да се спротистават на ВМРО-ДПМНЕ која одеше против Албанците, запраша Зекири.

Тој истакна дека се залага и негова лична желба е без ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се формира влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e