Зекири: Со СДСМ ЕУ ќе се случи за 6 години, со ВМРО-ДПМНЕ нема ни по 60

-Сите бевме разочарани , тоа не беше пораз на нашата земја, туку одлука на една земја да не блокира. Исполнивме се што требаше, но Франција не блокираше. – рече потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири во вечерашното гостување на „Топ тема“ на Телма ТВ одговарајќи на прашањето за оставката на премиерот Заев.

-НATO го остваривме за 2,5 години, пред изборите формално стануваме земја членка. Ни останува да го изодиме патот за во ЕУ. За таа цел ја бараме повторно поддршката од граѓаните. Премиерот во денешната изјава рече дека за 6 години ќе го завршиме тој процес, а со ВМРО, недај Боже, тоа нема да се случи ни по 60 години.- појасни Зекири порачувајќи дека граѓаните тоа го препознаваат.

Зекири потсети луѓе од опозицијата лобираат да не добиеме датум, дека наводно тоа би помогнало на СДСМ за изборите.

-Не знам како не разбираат дека тоа е за граѓаните, за доброто на нашата земја  а сеуште изграат на карта да и наштетат на државата, „под маса“ јавно да излагаат дека се за Нато и ЕУ, а свесно работат да го блокираат тој процес.- рече Зекири.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e