Заев за 360 степени: Кога и да има избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби

Премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата 360 степени на „Алсат“ посочи дека ВМРО – ДПМНЕ бега од брзи избори. Два датуми понудени во декември, опозицијата ги одбила.

„Де факто ВМРО-ДПМНЕ не треба да цепидлачи владата да биде 100 дена. Тие дефинитивно бегаат од избори. Бараа избори, понудивме демократска зрелост и сега почнува мрчењето. Дали ќе бидат во декември или се на 12 април, ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее уште еден пораз. Затоа што ништо не е променето таму“, вели Заев.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте го уверувал премиерот Зоран Заев дека прашањето за отворање преговори со С. Македонија и со Албанија може да се врати на дневен ред на ЕУ веќе во ноември. Заев сепак е воздржан по ова прашање.

Целото интервју на Зоран Заев почнува од 22 часот на „Алсат“.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e