Заев во “Само интервју”: Претходно имавме “цунами” кое однесе сè, а за 2,5 години успеавме да изградиме доверба од над 80% во здравството

Запрашан што како поранешен премиер направил за здравството за да денес системот може да се справи со еден светски предизвик како што е коронавирусот, поранешниот премиер и лидер на СДСМ во своето гостување во “Само интервју” на Канал 5 телевизија со следново објаснување:

“Прво ваквата посветеност на лекарите, меѓу другото, се должи и на тоа што се посоодветно платени од порано. И тоа е голема работа. Обезбедени се милијарди денари за да бидат соодветно платени овие стручни и професионални луѓе. Им благодарам на сите што најдоа сила за ова. Реконструирани беа повеќе од 40 здравствени институции од вкупно 123. Голем дел од нив беа комплетно опремени со нова опрема, како што доликува за третата деценија од 21 век. Се инвестираше во градежни активности во болниците. Направете едно истражување и ќе видите колку е поголема довербата во здравствениот систем денес. А тоа е затоа што на пиедестал го ставивме пациентот, за него постои здравството. Лекарите ги охрабривме преку подобри примања, преку подобри услови, преку подобри болници да можат да се посветат на пациентите. И денеска се прават анализи, довербата во здравството е преку 80%. Нема никој таква доверба во моментов колку што има нашето здравство.

Тоа само по себе е доказ дека тоа што се направило за овие 2,5 години дало резултат. Да не заборавиме од каде тргнавме, имавме едно “цунами” претходно кое однесе сè и кога се споредуваме со други земји да не забораваме дека ние имавме “цунами”, а тие не. Тоа беше меѓународно потврдено, хибриден режим, заробена држава, ограбена држава, пари отидени во глупости. Но, сепак еве кризата покажа дека сме многу подобри од многу столбови на европските земји.” – истакна Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ