Заев во “Само интервју”: Амбасадори на кои им беше понудено да се вратат во своите матични земји заради кризата решија да останат тука

Во вечерашното издание на “Само интервју” на Канал 5 во кое гостин беше поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, запрашан дали некои од мерките за справување со коронавирусот би можело да бидат подобри и понавремени, Заев со одговор:

“Целото ова менаџирање со кризата е едно танцување и ние стануваме се поискусни како одминуваат деновите. Во тој момент беа донесени најсоодветните мерки. Ние бевме една од првите земји кои ги затворија границите и степенасто ги зголемувавме мерките. За жал, народот доминантно не се придржуваше на првите мерки и мораше да се посегне по полициски час и дополнителни ограничувања. Но, дефинитивно и СЗО и меѓународните споредби покажуваат дека сме добар пример во споредба со другите земји и треба да бидеме горди на тоа затоа што одлуките доаѓаат од стручни луѓе. Кога требаше да се одлучи како да се поставиме, одлучивме да бидеме максимално транспарентни. Да се објави и она што е добро и она што е лошо. Јас верувам дека начинот на којшто “танцуваме” е успешен. Но, сепак нашиот фактор на заразување на неделно ниво е под 0,5. Имате земји со фактор 2 и 3. Тоа на крајот е доказ колку успешно се справуваме со оваа криза.

Мислам дека сме добар пример. Еве јас ќе ви кажам, амбасадори на кои им беше понудено да се вратат во своите матични земји решија да останат тука. Навистина ние подобро се справуваме со ова од многу други поразвиени земји. Еве гледаме и колкава е довербата во министерот за здравство Филипче и здравствените институции. Кризата дефинитивно ја менаџираме успешно!” – истакна Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ