Заев: Успешно “танцуваме” со корона-кризата, факторот на заразување е 0,45

Запрашан за мислење дали нашата земја досега успешно се справува со здравствената ситуација која сите нè затекна неподготвени и дали властите го избраа најсоодветниот пристап и мерки за справување со пандемијата со коронавирусот, поранешниот премиер Зоран Заев во вечерашното гостување во “Само интервју” на Канал 5 телевизија со следново објаснување:

“Не се исти капацитетите на сите земји за да се споредуваме со нив. Но, имаме и ние наши ресурси и наши капацитети и ќе издржиме. Многу е важно да се почитуваат институциите, со тоа го штитиме своето здравје и здравјето на тие околу нас. Има една глобална анализа и нашата земја се води по таа анализа. Светот се справува со кризата на два методи или начини: едниот го викаат “чекан”, а другиот “танцување”. “Чеканот” е употребен во многу малку земји и значи буквално целосно затворање, 100% полициски час, ама тоа ја уништува економијата. А, 95% од светот “танцува”, владите со стопанството, со работниците, со народните банки, сè додека не заврши здравствената состојба. Но, постои и еден “r” фактор на заразување, влијание на заразувањето, односно ако за неколку седмици еден заразен започне да заразува двајца или тројца, тогаш треба да се превагнува кон “чеканот”, односно да се стега сè повеќе со драстични мерки. Ако еден заразен заразува помалку од еден, тогаш треба да се продолжи со “танцување”. Засега, споредено со останатите земји и податоците на СЗО, ние имаме фактор на заразување 0,45. За споредба Италија има 0,96. Ние успешно “танцуваме” со кризава.” – објасни Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e