Заев: Се согласувам сите да се проверат за да се знае кој ја води државата, но ветинг е потребен и во ВМРО-ДПМНЕ

“Истече вашето време, ви истече времето и како шеф на опозиција, затоа што нема да бидете ниту шеф на опозиција, за три години само кочите процеси, освен опструкции, ништо друго не ни покажавте” – му порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во вечерашното соочување во рамките на предизборниот дуел на МРТ 1.

„Сто пати Заев, Заев, во сите спотови, во сонот сум ви ноќна мора. Но, Зоран Заев ќе го гледате уште 4 години, Зоран Заев ќе ја добие одговорноста и честа од нашиот народ и ќе продолжи да работи за нашиот народ, храбро да одлучува, да прави реформи. Народот сака иднина, сака храбри одлуки, сака подобар живот, сето тоа го имаат само со нас, со СДСМ, неводејќи грижа за кој се однесува, од еден процес на прочистување, на казнување, на владеење на правото, не ветинг на Заев или кој било. Треба да се направи доколку се смета дека е потребно, еве ние ќе го иницираме и нека постои во иднина како владејачка гарнитура, се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ со европски лидер ќе поддржи вакви процеси“ – посочи Заев на дуелот со Христијан Мицковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека и политичарите и судиите и сите треба да бидат транспарентно и јасно прочешлани и да се знае на кого граѓаните ја даваат довербата и во правосудството и во извршната власт.

„ Се согласувам сите да се проверат за да се знае кој ја води државата, но ветинг е потребен во ВМРО-ДПМНЕ. Доаѓа време кога ќе се отвораат поглавја, доаѓа време на за европеизација на оваа држава и кажавме кој тоа може да го направи. Јас ја внесов Македонија во НАТО, јас ја донесов одлуката за почеток на преговори, секако со нашиот народ, парламентарното мнозинство и јас и овој народ заедно ќе успееме и во конечната цел да бидеме дел од ЕУ“- посочи Зоран Заев од дуелот со Мицковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e