Заев: Потенцијалот за заболување со коронавирус сега е најслаб, есента секако е време за вируси

Во вечерашното издание на “Топ тема”, поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, со свое видување зошто се инсистира на брзи избори.

“Летниот период е неприфатлив, границите ќе бидат отворени, добар дел од нашинците ќе се вратат во државата. Како ќе одиме на избори на 40 степени со маски? Есента, со отворањето на училиштата се отвора простор за нови пикови, сега е моментот за избори, во период кога беше се’ затворено, кога завршуваат рестриктивните мерки и полицискиот час. Потенцијалот за појава на новозаболени токму сега е најслаб. Сите земји сега планираат избори, летото може да се изгуби импактот од рестриктивните мерки. Есента и зимата се време за нови вирози, сега е вистинскиот момент. Ние сме единствена земја во Европа без функционален парламент, тоа значи нема коректив кој треба да биде набљудувач и коректор на владата” – објасни Заев.

Во продолжение Заев додаде дека сите во државата се веќе свесни дека и во иднина ќе продолжиме да живееме со коронавирусот. Во однос на преостанатите обврски до организирањето на обврските Заев со објаснување:

“Од она што го очекуваме периодов е ОПСЕ и ОДХР да ја потврдат својата достапност. ДИК треба да ги ажурира гласачките листи бидејќи сигурно има гласачи кои и после април станале полнолетни. Стручната здравствена комисија треба да ги дефинира протколите како би се изведувал процесот” – додаде Заев.

Во однос на можните датуми за одржување избори Заев со одговор:

“Ние дури номиниравме неколку датуми, како на пример 14 јуни, но отворени сме и сите заедно да го усогласиме датумот за преговорите со цел и опозицијата да се чувствува комфорно за фер и демократски избори” – истакна Заев.

Запрашан дали зад ставот на СДСМ има одредени политички калкулации, Заав со коментар:

“Нема поважно од здравјето на луѓето. Ние веруваме по тоа што сме сработиле дека ќе добиеме доверба од граѓаните без разлика кога ќе бидат изборите. Гледано политички немаме никакви калкулации. Ако здравствените и експертските комисии излезат со став дека сега не е момент за избори, тогаш нема да има избори” – истакна Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e