Заев од Виница: До крајот на годината минималната плата има тенденција да се искачи на 18 илјади

„За четири години ја покачивме просечната плата за 6300 денари, сега таа изнесува 28700. Минималната плата во моментов е 15200 денари, со тенденција до крајот на годината да биде 18 илјади“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоборот за мојата општина“ во Виница.

Тој додаде дека со активирањето на спиралата на покачување на плати, кај граѓаните има повеќе пари и кажа дека се менува и методологијата за покачување на пензиите.

„Покрај критериумот за трошоците за живот во методологијата за пресметка на пензиите ќе влезе и критериумот за растот на просечната плата. Таа во моментов расте 10 пати повеќе во проценти од растот на цените на мало. Секој 1 јануари и 1 јули, пензиите ќе растат со видлива разлика за сите наши 330 илјади пензионери“ кажа Заев.

Лидерот на СДСМ потенцираше дека коалицијата предводена од неговата партија ја намали младинската невработеност од 42 на 29 отсто, а вкупната невработеност од 25 на 15,9 отсто.

Премиерот Заев исто така кажа дека иако се ова локални избори, тие се од големо значање и граѓаните ќе ја реафирмираат определбата да живеат во модерна, европска земја, со современи европски општини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e