Заев: Нов клинички регионален центар во Штип

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓанската трибина во Штип истакана дека граѓаните од овој град имаат на што да бидат горди бидејќи Штип се гради и развива на вистинскиот, на прав пат.
– Штип е на прав, на вистински пат затоа што за помалку од две години, се изградени 10 километри водоводи и канализации, 16 километри улици, и подготвен е проект за гасификација во должина од 20 километри.
Еден милион евра се одвоени за нов мост на Брегалница и доградба на градската обиколница кој ќе овозможи растоварување на централното градско подрачје од сообраќај. Се гради нова модерна градинка која ќе го реши проблемот со сместувачкиот капацитет на децата, проект вреден 1.000.000 евра, посочи Заев.
Претседателот Заев потенцираше дека со реализација на предвидените проекти дополнително ќе се унапреди квалитетот на живот на граѓаните на Штип.
– Животот на граѓаните овде во Штип дополнително ќе се олесни преку проектите кои се во реализација. Преку изградбата на браната Отињеа која ќе го реши проблемот со водоснабдувањето. Особено е значајно што се интензивира изградбата на Клиничкиот центар кој ќе биде важен не само за Штип, туку и за граѓаните на Кочани, Струмица и целиот источен регион, истакна претседателот Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e