Заев: Нема дефинитивен договор за името

Нема дефинитивен договор за името Република Северна Македонија, тврди премиерот. Договорени се принципи и начела, а следи разговор со Ципрас, најдоцна до петок, по што, вели,  се очекува значаен исчекор во преговорите. Доколку се договорат, ќе следи првин ратификација на договорот во Парламентот, со просто мнозинство од 61 пратеник, а дури потоа референдум.

Во врска со нон пејперот од Франција и Холандија во однос на проширувањето на ЕУ,  во кој имаше бројни критики за Македонија, особено за реформите во правосудството и за партизација на администрацијата, Заев вели дека реформите се почнати, но не и завршени.

Премиерот рече и дека, е позната резервираноста на овие две држави кон проширувањет на ЕУ. Но, вели, тоа не значи дека се против определување на датум за почеток на преговорите на Македонија.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e