Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа“. Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал, стои во соопштението на СДСМ.
-Самиот си ги споредил 23 месеци со 84 месеци и заклучил дека победил. Тоа не е економија. Тоа е трик со калкулатор. Го споредува врвот на светската инфлација од Јули 2022 – војна, енергетски удар, скок на храна насекаде, со Јули 2026 година. Тоа не е успех на неговата влада. Тоа е споредба со најтешкиот месец на глобална криза.Платите и пензиите ги дели на месеци, ги крои процентите, па вели „овие бројки не можете да ги лажирате“. Може, велат од опозицијата.
-Кога самиот си ја прави анализата, кога бира период, кога го крие апсолутниот износ. Граѓаните не живеат од „70% побрзо“. Живеат од тоа што останува по сметките, киријата и потрошувачката кошница. Дизелот е 100 денари. Пиперката на нива 40. Храната во продавница расте. Фабрики се затвораат. Инвестициите паднаа. Последниот квартал 0,3 %. Тоа се исто бројки. Само не влегуваат во неговата презентација. Долгот го продава како намален, а државата ја задолжија со 2.5 милијарди за две години. Буџетот е „во кондиција“, додека секоја недела има ново задолжување. Пензиите „325% побрзо“, а за вториот столб се подготвува национализација. Мицкоски вели дека не може да води политика на чувства. Точно.Затоа нека престане да води политика на измислена статистика. Ако му е подобро на граѓанинот, ќе се види во фрижидерот и во паричникот. И двата се празни, велат тие.
Доадаваат дека тоа е единствената компаративна анализа што важи.
-Нека објави официјални податоци од Заводот, не „лична анализа“. Нека каже колку чини потрошувачката кошничка денес и колку чинеше кога дојде. Нека каже зошто земјоделецот се тепа за 40 денари додека тој држи лекција за раст. Дотогаш ова се бројки за телевизија, не за трпеза, велат СДСМ.
