Филипче: Пет починати од западнонилска треска, тотален дебакл и неспособност на власта

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласи дека ексалирањето на кризата со вирусот западно-нилска треска во Скопје е директна последица на импровизаторското и неспособно менаџирање на кризата од страна на власта на ВМРО. Филипче посочи дека има низа недоследности и некоординираност со кризата, како и ненавремено преземање на соодветни мерки за заштита на граѓаните.

„Кој ја менаџира кризата со проблемот тука во Скопје? Излегува градоначалникот, се прскало волку пати, толку пати. Зошто има толку пациенти ако се прскало? Се проверил ли ефектот од прскањето? Се таргетирале ли добро жариштата на комарци? Било ли тоа навремено? Ги предупредиле ли матичните лекари?По кој протокол и да работат да препознаваат рани симптоми“, рече Филипче.

Филипче додаде дека власта покажа тотална неспособност што граѓаните ја плаќаат со живот.

„Ги предупредиле ли старите луѓе на време? Се подготвил ли здравствениот систем да превземе многу пациенти? Како за само една недела е за 50% зголем бројот на пациенти, од 26 на 38, пет мртви. Тотален дебакал, неспособност на оваа власт кој што за жал луѓето го плаќаат со животот“, рече Филипче.

Филипче посочи дека на власта не и важно заштитата на здравјето на луѓето, туку приоритет им е менаџирањето на партиските коруптивни зделки.

„Ниту премиерот, ниту министрите од неговата екипа, кои што единствено нешто што ги интересира се коруптивни зделки со нивните луѓе кои што ги пуштат во своите сектори, ништо друго не сакат да менаџираа. И да знаа дека за тоа кај има одговорност“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e