Заев: Не им верувајте на лагите дека економијата не ни чини

„Изминативе две и пол години силно сме посветени на стабилизирање и зајакнување на домашната економија. Силната економија носи директни придобивки за граѓаните преку зголемување на платите и пензиите, стабилизирање на здравствениот и пензискиот фонд, привлекување странски и зголемување на домашните инвестиции, отворање нови фабрики, а со тоа и зголемен број на новоотворени работни места.
Не им верувајте на лагите дека економијата не ни чини. Тоа едноставно не е точно, бидејќи економијата се мери со бројки!“, сподели премиерот Зоран Заев.

„Тимот на вицепремиерот Анѓушев, заедно со министрите од економските ресори, направија сериозна анализа базирана на официјални податоци и статистики. Фактите и бројките се непобивливи, економијата е посилна од било кога. Домашната економија ни е на одличен пат!“, смета премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e