Заев на „Фејсбук“: Радувај се Македонијо!

Радувај се Македонијо! Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени. Ова го напиша првиот човек на Владата на неговиот „Фејсбук“ профил, по поканата од алијансата за почеток на преговорите со Македонија.

„Нашите партнери и пријатели денеска ни оддадоа признание. Препознаена е силната посветеност, исполнети се сите критериуми. Денес е голем, историски ден, за Република Македонија. Ветувам дека ќе донесеме уште добри вести и во периодот пред нас, во интерес на сите граѓани на нашата земја.

По тој повод, во овој момент гостувам како говорник на конференцијата NATO ENGAGES во рамки на Самитот во Брисел“, напиша Заев.

Претходно, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја потврди поканата за Македонија, но го повтори ставот дека нашата земја ќе стане 30. членка по целосното исполнување на договорот со Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e