Ја нападнал екс сопругата и ќерката – Уапсен неготинец

Неготинец бил лишен од слобода, по обвиненија за физички напади врз поранешната сопруга и ќерката, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 16:40 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода Д.Ѓ., 51-годишен неготинец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна поранешна сопруга, дека физички ја нападнал на улица „Маршал Тито“ во Неготино. Според пријавеното, потоа пред неговиот дом, физички ја нападнал и неговата 19-годишна ќерка и ѝ се заканувал – информираа од СВР – Велес.

Тој бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител. По документирање на настаните, како што додадоа од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e