Заев на Дигиталниот Самит на Западен Балкан: Работиме на унифицирана дигитализација на инситутциите за подобро опслужување и бенефит на граѓаните

Премиерот Заев на свеченото отварање со свое обраќање го одбележа почетокот на дводневниот Дигитален Самит на Западен Балкан кој се одржува во Скопје.

„Овие теми ми се многу блиски бидејќи ги допираат основните елементи на нашиот стратешки План за економски раст: конкурентноста, растот и работните места. Исто така, тие се во согласност со долгорочната визија на Владата на Република Македонија за создавање најдобри услови за конкурентна и одржлива економија, по примерот на економијата на ЕУ. Нашите економии и општества во моментот се подложени на огромни промени. Многу од овие промени се поттикнати од реформите, но и од новите технологии и од иновативните начини на економски развој, меѓу кои едни од пресудните критериуми и услови се – комуникацијата и поврзувањето.“ – рече Заев.

Во целост Ви го пренесуваме видеото од неговото обраќање.

Еве дел и фотографиите од отворањето на Самитот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e