Заев на 24 ТВ: На добар пат сме, реформите даваат резултати, пензиите ќе продолжат да растат

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното “Отворено студио” на 24 телевизија изјави дека пензиите ќе продолжат да растат како што ќе растат и платите во државата.

“Пензиите ќе растат како што растат и платите во државата. Пред сè мислиме на приватното стопанство, на сите плати. Еден важен факт има овде, од 30 милијарди денари односно 500 милиони евра, во 2019 година намаливме 3 милијарди и 700 милиони денари и со реформата дојдовме до 26,3 милиони. Тоа беше непопуларна мерка, по 0,5 за двете години, ама така растат придонесите. 0,4% одат во пензискиот, а 0,1% во здравствениот фонд и го стабилизиравме пензискиот фонд. Сега покачувањето на пензиите е на основа на одржување, односно на незголемување на дупката. Во моментов, за 10-12% растат наплатата на приднеси во пензискиот и во здравствениот фонд. Тоа знаеме од каде е, од новите работни места и од зголемените плати. Тој раст е во просек 10% и кумулативно за 4 години е 45%, а ние дури и за 21% не викаме раст на пензиите заради тоа што мораме да го стабилизираме фондот, дури и овие 26,3 милијарди денари или некаде 440 милиони евра трансфери мора да ги намалиме, тоа е неодржливо. И помладите треба да дочекаат пензии. Сите овие алатки ќе ги искористиме, ветуваме зголемување на пензиите за 21% и раст на пензиите заради тоа што и во време на корона, еве во јуни месец, 8% се зголемени приходите во фондот за пензиско и здравствено, во споредба со јуни 2019 година. Тоа значи дека сме на добар пат” – заклучи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e