Заев на 24 ТВ: Јас ќе бидам идниот премиер доколку обезбедиме парламентарно мнозинство

“Јас ќе бидам идниот премиер доколку обезбедиме парламентарно мнозинство. Никој не смее врз основа на уцени да преговара” – вака поранешниот премиер во денешниот дуел со Христијан Мицкоски во “Отворено студио” на 24 телевизија одговори на коментарот на Мицкоски дека Заев после изборите ќе биде спремен да разговара за се’, па дури и за премиерската позиција, па дури и со ДУИ.

“Ние сме комплетно насочени кон позитивна кампања, на промоција на иднината, на економскиот раст и на поголеми примања на граѓаните, платите, пензиите, инвестиции во државата, отворање на нови работни места, квалитетен живот за сите, еколошка држава. Сето тоа ќе донесе можност да добиеме голема поддршка и ќе ни даде можност врз основа на принципи и вредности да одлучиме со кого ќе влеземе во коалиција. Бројките кажуваат дека можеме сами да оформиме парламентарно мнозинство, тоа ќе биде една голема, широка и мултиетничка коалиција со која што настапуваме, но секако ќе избереме и една од политичките партии да влезе во коалиционата влада во зависнот од тие вредности и принципи. Ние парламентарното мнозинство ќе го обезбедиме исклучиво врз основа на тие вредности.

Јас сум убеден дека парламентарното мнозинство ќе биде обезбедено на едноставен, транспарентен, принципиелен начин. Верувам дека постојат капацитети сето тоа да се реализира заради тоа што периодот што следи е многу важен за носење одлуки дома. Следува сериозен период на реформи, кревање на економијата. Во целиот овој период сум политичар кој докажал дека за 2,5 години може да се решат сите крупни отворени прашања важни за државата кои никој не ги решил за 27 години. Верувам дека и дома ќе покажеме одлични резултати и раст на економијата” – изјави Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e