Заев му го понуди мобилниот на Мицкоски да му се јави на Груевски за став околу Преспанскиот договор

Лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев, во вечерашната дебата на телевизија Канал5 му го понуди својот мобилен телефон на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се јави во Будимпешта на Никола Груевски за став околу Преспанскиот договор и интеграциите во НАТО и ЕУ.

-Немате став, еднаш бојкотиравте, еднаш гласавте за Преспанскиот договор и интеграцијата во ЕУ и НАТО. Немате став, еве ви го мобилниот јавете се во Будимпешта на Груевски да ви каже став за ова, му рече Заев на Мицкоски.

На ова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ возврати со обвинение дека Заев и челниците на СДСМ имаат контакт со Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e