Заев до Мицкоски: Видовме како владата на ВМРО-ДПМНЕ ги третираше здравствените работници, затоа имаше егзодус

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното предизборно соочување со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на предизборниот дуел на МРТ 1, му одговори на Мицкоски на неговите обвинувањата дека техничката влада недоволно добро се справила со кризата.

“Секој има обврска да му се најде на својот народ и да помогне, па колку сака нека биде опозиција. Знаете и вие, како што знам и јас, дека СДСМ ќе остане на власт заради тоа што заслужува да остане на власт. Ја видовме вашата влада во која вие бевте советник како се однесува кон лекарите и медицинските сестри. 11 години ви правеа протести насекаде низ државата. Се организираа и се кренаа, и тоа во време на страв и трепет бидејќи им беше преку глава, видовме вие колку водевте грижа за нив и тоа на сите ни е јасно. Тоа не беше пред 100 години, тоа беше пред 3 години. Ние најдовме пари во испокрадена држава да им дадеме 40% покачување на платите на специјалистите и денеска тие се првите борци птоѕив коронавирусот, 25% на медицинските сестри и тие исто така се во првите борбени редови и тие знаат дека во иднина секоја година ќе добиваат по 10% дополнително покачување заради тоа што тоа го заслужуваат. Тие мора да добијат и никој нема замерка на тоа. На тој начин ги задржуваме тука, наспроти вашето време кога имаше егзодус” – истакна Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e