Заев до Мицкоски: Објавувате снимки во кои говорат трети лица, а излезе дека Дака во ваше време дал 300 000 евра

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното предизборно соочување со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на предизборниот дуел на МРТ 1, му реплицираше на Мицкоски дека тој кога имал аудио материјали јавно ги објавувал за разлика од него кој се крие позади други медиуми.

“И за тоа немавте храброст како што имав храброст јас. Кога поседував разговори јавно ги објавував. Да, тогаш бев Бошко Буха и јавно го објавував тоа, без разлика каков режим е од другата страна и што тоа може да направи на мене, на моето семејство или на моите пријатели. Јас сепак тоа јавно го објавував. Вие денеска објавувате снимки преку портали, преку Јутјуб канали бидејќи немате храброст да излезете јавно, силно, транспарентно и да го кажете тоа. Причината за тоа е дека и во тоа што го објавувате говорат некои трети лица, а меѓу другото излезе дека во ваше време господинот Дака дал 300 000 евра, во владата во која и вие сте биле советник . Благодарение на СДСМ се донесе закон со кој е казниво незаконското прислушување. Затоа треба сите да апелираме да се најдат тие што незаконски прислушуваат, кој сака нека е, секој треба да одговара. Затоа јас сум поднел кривична пријава преку правниот совет на СДСМ, првенствено за да ги заштитиме граѓаните” – додаде Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e