Заев до Мицкоски: Не можевте да се оградите од Груевски бидејќи сте комплетно под негово раководство

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното предизборно соочување со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на предизборниот дуел на МРТ 1, му одговори на Мицкоски дека тој со сигурност ќе остане во опозиција уште цели 4 години, бидејќи наместо да се насочи кон нови проекти во кампањата, тој бил фокусиран исклучиво на Зоран Заев. Заев воедно му замери на Мицкоски заради тоа што никогаш не се дистанцирал од Груевски, како и за неговите сомнителни конекции со бизнисменот Орце Камчев.

“Гледате дека јас уживам во кампањата, па дури и во ова соочување. Додека јас зборувам за иднината и за новите проекти, не можам да ви се изначудам дека вие сте комплетно преокупиран со мене. А вие отидовте во Будимпешта, господинот да ви ги напише листите, тој ви ја финансира кампањата. Не можевте да се оградите од него бидејќи сте комплетно под негово раководство. Па, вие сега на листите сте истите луѓе што бевте околу него. Гледаме дека парите доаѓаат или од Груевски или од Камчев. Видовме кој договарал пари, на кого му биле простени долгови, кој бил близок со бандитите кои ги украдоа парите во целиот овој период. Вие изгледа редовно сте биле кај Камчев на консултации” – изјави Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e