Заев: Ќе докажеме дека сите резултати се одржливи и неповратни

На покана на претседателот на Собранието, му посакавме добредојде на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. За поддршката говори фактот што Северна Македонија е првата земја која ја посетува. Ова е одлична прилика да ги поздравиме ЕП и сите европратеници кои гласаа позитивно да се отпочнат преговори со С. Македонија и Албанија, рече премиерот Зоран Заев на прес конференција со Сасоли.

„Речиси сите европски лидери се согласија дека на Северна Македонија и беше нанесена неправда и дека неодобрувањето на преговори е огромна грешка. Решивме непремостливи предизвици кои на сите им се чинеа како невозможна мисија. Сите имавме оправдани очекувања дека ќе ги започнеме преговорите кои во себе имаат силна трансформативна моќ. Наместо тоа, недавањето согласност за преговори ги врати на агенда прашањата на евроскептиците дали има алтернатива. Ние велиме, нема алтернатива. Мораме да продолжиме, дури и посилно, со докази дека владее правото. Соочени сме со нови предизвици. Ќе докажеме дека сите резултати се одржливи и неповратни. Ќе ги совладаме анти-ЕУ силите. Ние веруваме во вредностите на Европската Унија и веруваме дека нашата шанса ќе биде дадена наскоро“, рече Заев.

Според премиерот, Европскиот парламент и резолуцијата се поттик дека ќе продолжи притисокот да се врати одлуката која не е донесена, но и дека ќе почнеме пристапни преговори.

„Подготвени сме заедно со членките на ЕУ, особено Франција да работиме на концепт кој ќе ги задоволи барањата на сите. Јасно е дека процесот на проширување ќе претрпи промени и дека С. Македонија мора да се подготви на построг надзор. Подготвени сме за тоа и сакаме да учествуваме во тоа. Членството во ЕУ  е незамеливо“, истакна Заев.

 

Фото: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e