Заев: Денес влада е влада, а партија е партија! Во минатото тоа не смееше да се замисли!

Запрашан за мислење каков е неговиот став во однос на одлуката на Владата да не ја прифати економската мерка предложена од СДСМ за минимална плата за целата администарција, лидерот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев со објаснување:

“Денеска политичките партии предлагаат, коморите предлагаат, синдикатите предлагаат, на крајот Владата носи конечна одлука. Нашите мерки се многу конзистентни со тие на стопанството и економијата и оваа мерка која не беше прифатена е сериозна мерка и јас стојам зад таа предложена мерка. Влада е влада, партија е партија! Има сериозна дистинкција. Во минатото тоа не смееше да се замисли, се знаеше партијата соопштува, владата спроведува.” – објасни Заев.

Заев сèуште стои зад предложената мерка и во продолжение ја објасни нејзината потенцијална ефективност и оправданост:

“Мерката за минималец на административците не помина во Владата, односно мнозинството во Владата одлучи дека во моментов таа мерка не треба да се прифати. И покрај тоа што имаме мнозинство во Владата, ние сепак сме демократска партија и правиме разлика помеѓу партијата и владата. Тоа беше предлог до Владата, а Владата е таа што одлучува. Јас мислам дека е одговорно солидарноста да се понесе од сите.

Ова го правиме како еден од чекорите на штедење, ние за да најдеме 1,5 милијарди мора да штедиме. Некој тоа мора да го каже и ние тоа го кажавме. Тоа е државнички пристап, ако калкулиравме со гласовите тоа немаше да го каже никој. Но, што е солидарноста? Тоа е сите компании да понесат на своите плеќи еден дел, а еден дел ќе помогне Владата. Работниците коишто заедно со стопанството го полнат буџетот ќе живеат сега април и мај на минимална плата. Администрацијата која во моментов е 60-70% дома ќе зема цела плата. Во услови кога кредитите и извршителите се одложени, а се нудат и поевтини кредити, вкупната потрошувачка на граѓаните е редуцирана и ќе излезе дека администрацијата е ќар. Јас сметам дека во овој момент треба сите солидарно да понесеме!” – заклучи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e