Заев: 15 јули ќе помине и сите заедно сплотени, без поделба на лекарите и медицинските сестри, ќе продолжиме да се справуваме со корона-кризата

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното предизборно соочување со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на предизборниот дуел на МРТ 1, му одговори на Мицкоски на неговите обвинувањата дека менаџментот со здравствената криза е лош. Заев додаде дека во справувањето со кризата никогаш немало калкулации, транспарентноста била најважна од се’, а сите издржани предлози на опозицијата биле прифатени и покрај тоа што таа само го опструирала целиот процес на справување со здравствената криза.

“Ова е веќе видено, цело време од почетокот на пандемијата апсолутно се негира нашето здравство, нашите лекари, нашите медицински сестри, здравствената комисија која со години наназад постоела и која се формира и работи по службена должност. Тие луѓе се цело време посветени, по 24 часа на ден, а тие луѓе дома имаат деца и брачни другари, имаат семејства и ваквото негирање самото по себе е спротивставено дури и на она што го кажува СЗО, меѓународната заедница, но и огромното мнозинство граѓани дома. Дефинитивно верувајте дека 15 јули ќе помине и сите заедно сплотени, без каква било поделба на лекарите и медицинските сестри, ќе продолжиме да се справуваме и да бидеме добар пример за солидарност, меѓусебно помагање и тоа што значи грижа за здравствениот систем, но и за економските реперкусии од кризата” – истакна Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e