Врховниот суд ги прифати жалбите за судски администратор кој го именуваше Владимир Панчевски

Врховниот суд на Република Македонија уважи во средата три жалби на вработени во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кои сметаа дека поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, на незаконски начин извршил именување на нов судски администратор.

Највисокиот суд ги прифатил наводите на сите тројца вработени кои ценеле дека Панчевски, на 18-ти ноември донел противзаконска одлука, како и тоа дека при административната селекција, Комисијата за селекција и унапредување утврдила дека од Панчевски именуваната Роза Кавазова „не ги исполнува условите предвидени со законот“, но продолжила со постапката и закажала интервју на кое, покрај сите пријавени, се појавил и именуваниот кандидат.

Инаку, од скопска „единица“, до Врховниот суд бил испратен одговор по жалбата на оштетените кандидати и според мислењето на Панчевски именуваната кандидатка е најкомпетентниот кандидат за работното место судски администратор, односно дека таа е со највисоко звање, односно категорија и ниво.

Извор: Макфакс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e