Востановен Ден на националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП) во државава

ако ден на Националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП) во државава ќе се одбележува 24 февруари. Агенцијата за катастар на недвижности денеска пред стручната и професионалната јавност, пред дваесетината институции кои ја сочинуваат Националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП) и пред гости од државата и од Шведска, го промовираше 24 февруари како Ден на НИПП во државава.

– Геопросторните податоци се дел од агендата на Обединетите нации за одржлив развој до 2030 година, која повикува на глобално координирани активности во процесот на прибирањето и интеграцијата на новите податоци. Улогата на овие податоци дополнително се зголемува, затоа што тие овозможуваат намалување на ризикот од катастрофи и го зајакнуваат пристапот до платформите со геопросторни податоци, рече директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев, информира Катастарот.

Како што нагласи, Денот на НИПП во нашата држава ќе биде традиционален и ќе се споделуваат постигнувањата, но и ќе се прават сериозни дебати за потребите за понатамошен раст и промоција на националната инфраструктура на просторни податоци.

Функционирањето на НИПП е регулирано со Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци. Овој Закон е усогласен со Европската директива бр. 2007/2/ЕЗ (ИНСПИРЕ). Претставува збир од метаподатоци, збирки на просторни податоци и услуги за просторни податоци, технологии, договори за размена, пристап и користење, механизми, процеси и постапки за координација и следење.

Агенцијата за катастар на недвижности е надлежна за воспоставување и одржување на пристапот до геопорталот за НИПП, како и за одржување на услугите за метаподатоци, водењето регистар на метаподатоци и обуки поврзани со нив. Во рамки на националниот геопортал, сите членови на Советот на НИПП кои располагат со просторни податоци се должни да извршат публикување на метаподатоците, на збирките на просторни податоци и услугите за просторни податоци. Публикувањето на метаподатоци, збирки на просторни податоци и услуги за просторни податоци, се вршат согласно националните и европските – ИНСПИРЕ прифатени стандарди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e