(ВО ЖИВО) Следете го ТВ дуелот меѓу Заев и Мицкоски

Дојде време за најважниот „Дуел за вистината“ – еден спроти друг, очи во очи, екслузивно на Канал 5, прво а можеби и последно за овие избори предизборно соочување на претендентите за иден Премиер – лидерите на СДСМ, Зоран Заев и ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски..
Кој ќе седне во барокната зграда на илинденска, а кој ќе оди во политичка пензија?
Едниот маршираше а другиот протестираше за правдата – кому повеќе му личи – кој од нив вистински се бори за неа, а кој ја опстриура? Дали слоганот„Нема правда нема мир“ ќе се реинкарнира и во оваа кампања?
Ќе бидат ли бомбите повторно политичко средство за јавна комуникација, и дали тие ќе може да бидат докази?
Дали Рекет го подрива рејтингот на СДСМ и колку бремето од владеењето на Груевски ќе му тежи на сегашното ВМРО-ДПМНЕ?
Законот за јавно обвинителство ни ги зголеми шансите за добивање на датум за членство во еу – може ли пакетот со Албанија да биде новата пречка?
За неколку недели стануваме членка на НАТО, значи ли тоа дека државата веќе нема безбедносни закани ?
Дали најавата на вмро-дпмне за ревизија на Преспанскиот договор е реална, и какви последици може да има?
30 години политика во македонија е пред и над економијата – кога животниот стандард ќе биде во фокусот на лидерите? Буџетот расте секоја година, но иселувањето не запира.

Дали Заев или Мицкоски конечно ќе имаат политичка храброст за структурни реформи и по цена да загуби гласови?
Кој со кого ќе коалицира, и што ќе му биде главниот адут да стигне до премиерското столче… Зошто Спасовски очекува највалкана кампања досега?
Бомба – како тоа моќно звучи.

Одговори бараме од најмоќните политичари во Македонија – Заев и Мицкоски, ексклузивно на Канал 5 телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e