Во Скопје вчера 6 сообраќајки, 13 лица повредени

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно шест сообраќајни несреќи, во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.

Како што информира СВР-Скопје за МИА, се случила и една незгода, во која со тешки телесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возила и еден сопатник, а со телесни повреди тројца сопатници.

По спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Санкционирани се шест возачи кои за време на управување со возилото го користеле мобилниот телефон, пет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и осум возачи кои не се придржувале според ограничувањата, забраните и обврските изразени сопоставените сообраќајни знаци.

Затекнати се и 42 непрописно паркирани возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e