Во костец се фатија Фатиме Фетаи и адвокатката на Латас: Дојдов на судење, а не на шоу

Адвокатката на Драган Павловиќ – Латас, Анита Бегова, се најде испровоцирана од реториката на специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на денешното судење за Тревник.

Откако еднаш ја предупреди дека нема потреба да и појаснува одредби во законот, Бегова и упадна во збор на Фетаи и побара од судот да интервенира.

-Барам од вас да ја коригирате колешката да се однесува согласно етиката. Дојдов овде на судење, не на шоу – рече Бегова.

Фетаи возврати дека и е даден збор да се обрати до судот и побара од адвокатката да го почитува тоа.

Претходно, одбраната на Латас побара првиот преслушан разговор да не се користи како доказ затоа што не докажува никакво инкриминирано дејство.

Во тој контекст, адвокатката на обвинетиот рече дека со Латас има 60.000 разговори па предложи сите да се пуштат во судница за да се собие целосна слика за животот и делото на Латас.

Обвинителката Елизабета Јосифовска, пак, истакна дека предмет на обвинението не е животот и делото на Латас, туку, додаде таа, надлежноста на СЈО е јасно определена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e