Во градинките и училиштата не примаат невакцинирани деца

Услов за запишување во градинка и во училиште ќе биде децата да бидат вакцинирани, а од Минситерството за здравство најавија дека ќе се обидат да го спроведат од септември бидејќи требало да се прилагоди и законската регулатива во труд и социјална политика и во образование.

Од ресорното министерство најавија и низа други мерки -превентивни тимови од 23 до 29 април ќе одат на терен ќе ги проверуваат вакциналните картони и ќе бараат невакцинирани деца и лица за да бидат имунизирани.

Министерството во годинешниот тендер за набавка на вакцини планира да вклучи и уште две вакцини, за рота вирус и за стрептокока, кои во редовниот календар за имунизација ќе влезат од следната година.
Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e