ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шират лажни вести

Кој во СДСМ го мести Костадинов со вакви смешни прес конференции?, прашуваап од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Костадин Костадинов и СДСМ во очај шират лажни вести дека некој лобира Македонија да не добие датум за преговори со Европската Унија. Тоа е обично алиби за претстојниот пораз кој ќе им се случи на 12-ти април.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело и работи Македонија да ги забрза евроинтеграциите. Тоа е за добро и на Македонија и на граѓаните. За разлика од СДСМ кои секогаш биле водени од тесно партиските интереси и ситните политички поени,

Жалиме што СДСМ не може да излезе од заевата матрица на функционирање, за своите неуспеси да наоѓа вина во европските партнери, ВМРО-ДПМНЕ или други политички субјекти во Македонија. Растечката корупција, економскиот колапс и безнадежноста на граѓаните галопирачки растат токму поради владеењето на Заев и тие параметри се видливи и за домашната, но и за европската јавност, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e