ВМРО-ДПМНЕ: Не е солидарност да се крати од платата на работниците

Не е солидарност кога Заев вели дека треба да се штеди, а власта троши за 4 дена 8 милиони денари за патувања и репрезентација, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштени.

Не е солидарност кога неспособноста на владата ќе сака да ја наплати врз грбот на работниците.

Не е солидарност кога министрите и директорите кои претходно земале 3 или 4 пати поголема плата ќе рече Заев дека треба да „стиснат заби“ заедно со работниците и да земат минимална плата. Првиве имаат залихи, вторите секој месец им е борба за преживување.

Не е солидарност кога министерот за здравство нема да ги опреми докторите и лекарите со заштитна опрема против корона вирусот, ама секој ден ќе прави ПР преку нивната борба и надчовечките напори во спасувањето животи.

Не е солидарност да кратите плата на работниците а тие со привремени вработувања да седат дома и да земаат плата.

Солидарност е да се прифати подадената рака на опозицијата и да ги применат предлозите кои и така ќе ги прифатат, но сепак задоцнето. А, задоцнетото во економијата и во животот секогаш се плаќа двојно поскапо.

Пред две недели ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски соопштија Владата сериозно да размисли за задолжување кон странство затоа што пари ќе нема. Вчера и денес Заев тоа го призна дека е така, но разликата е што поминаа две недели и пари нема стои во сооптението од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e