Владата ќе продолжи со субвенционирање на евтини летови

И Владата на Заев ќе продолжи со субвенции за авиокомпанија која ќе нуди евтини летови за граѓаните. Договорот со Визер истекува во јуни оваа година, па од Министерството за транспорт и врски најавуваат јавен повик на кој ќе се бара нов превозник, пренесе ТВ 24.

Тендерот најверојатно ќе биде распишан кон крајот на овој месец или почетокот на април. Се чека претходо условите да бидат дефинирани на седница на Влада. Најверојатно Охридскиот аеродром ќе оди во пакет со скопскиот, па идната авиокомпанија ќе биде задолжена да организира повеќе евтини летови и од Охрид.

„Согласно договорот од 21. 06. 2015 година за аеродромот во Охрид беше задолжително воспоставување на најмалку една дестинација. Сега се уште се вршат подготовки и анализи за критериумите што ќе бидат дел од новиот повик за доделување на финансиска поддршка за воспоставување на нови авиолинии.“

Нискобуџетната компанија Визер во изминативе шест години добила осум милиони евра државни пари. Годинава ќе добие уште 88о илјади евра. И на двата повика на Владата, во 2012 и 2015 година Визер беше избрана за нискотарифна компанија која требаше да воведе евтини летови кон европските градови.

Од Министерството за транспорт велат дека за секоја нова дестинација на Визер му се исплаќале по 40 илјади евра. Освен за новите линии, субвенции се исплаќаат за секој превезен патник. По 13 евра за првата година, а за втората и третата година сумата се намалува за едно евро по превезен патник. Визер вчера соопшти дека во наредните пет месеци ќе понуди четири нови дестинации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e