(ВИДЕО) Зибери: Ќе анализираме, не ја исклучувам можноста да сме имале заразени лица од ковид 19 и пред крајот на февруари

Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за екстремно зголемениот број на случаи на сезонски грип оваа година и дали е можно дел од пациентите да биле всушност случаи на коронавирусот Ковид-19.

„Факт е дека институцијата со која раководам е главна институција која има евиденција за бројките на лица кои се дијагностицирани, или регистрирани кај нас како лица кои биле болни од сезонскиот грип. Ние со нашите колеги во ЦЈЗ направивме неколку анализи и тоа што го истакна и министерот за здравство, верувам дека истото мислење го делиме и ние, бидејќи е голема разлика во споредба со минатите години, колку е зголемен бројот на лицата кои биле третирани како со сезонски грип, и јас имам мое лично мислење, ако ви текнува првиот случај со коронавирус во Македонија беше на крајот на февруари, една жена дојдена од Италија. Но, не значи, и не ја исклучувам можноста да сме имале заразени лица од ковид 19 и пред овој период пред крајот на февруари. И е многу можно но анализите во иднина, како научните и сите повикани од здравствените институции верувам дека во блиска иднина ќе излезат со анализа и со точни податоци и ќе видиме дали е точно ова дека ние коронавирусот сме го имале од декември или јануари. Ова останува да се анализира. За околу 60% повеќе случаи, што не е природно. Таа бројка зборува дека сомневањата што сме ги имале и пред првиот случај на случајот Х, но велам тоа ќе се анализира во иднина. Има една можност, постои можноста и тие кои се дијагностицирани како сезонски грип да се испитаат и да се земе материјал за да се види точно дали има поминато корона, значи дали бил инфициран со коронавирус или сезонски грип. Има можност за дијагностицирање, постои“, вели Зибери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e