(ВИДЕО) Нухиу: Чавков треба да понесе одговорност за настаните во Собранието

„Јас како министер во името на целото министерство ги осудувам вчерашните настани и веднаш сакам да ве известам дека дел од структурите не си ја завршија работата за што ќе има одговорност.

Јас инсистирав да се формира Оперативен штаб уште на почетокот на протестите и тој штаб беше формиран. Во него се вклучени лица од министрството од сите области. Оперативниот штаб имаше формирано планови за три претпоставени ситуации – кога ќе бидат протестите мирни, кога ќе се бира претседател на Собранието и кога ќе се бира Влада. За раководител беше избран Митко Чавков. Сакам да ја известам јавноста дека вчера од моментот на ескалација на ситуацијата се до 20 часот, раководителот на штабот, Чавков не беше достапен за мене, иако го барав и телефонски и лично“, рече министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.

„Сакам да потенцирам дека, за жал во МВР политичкото влијание има голема улога што е за секаква осуда. Дел од МВР наместо да ги почитуваат Законите и да ги извршуваат своите работни обврски, постапуваат по наредба на политичките центри, нешто што е за најсилна осуда и мора да биде санкционирано. Ќе бараме одговроност од сите, вклучувајќи ги и членовите и раководството на Оперативниот штаб. МВР е институција која мора да го гарантира јавниот ред и мир, а не да биде под влијание на политичките субјекти кои сакаат да ја употребуваат за свои цели“, рече Нухиу.

– Згрозен сум од постапката на дел од протестантите, кои подолг период не им дозволуваа на возилата на итна помош да влезат во собранието и да им укажат помош на повредените. Тоа е нечовечки и за секаква осуда.

– Чувствувам морална одговорност, зошто не успеав да го тргнам влијанието на политиката од раководните структури во МВР, затоа ќе барам мое повлекување, но ве уверувам дека ќе направам се за создавање на услови за трансфер на власта“, додаде Нухиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e