(ВИДЕО) Мицкоски: Да видиме утре што мислеше Заев под тоа предвремени и брзи избори

Да почекаме до утрешниот ден да видиме да не се премисли Заев затоа што знаете таму работите се менуваат преку ден, преку ноќ, преку секој час така што да почекаме до утрешниот ден до лидерската средба да го слушнеме предлогот на Зоран Заев да видиме што мислеше под тоа кога кажа предвремени парламентарни, брзи предвремени парламентарни избори за да можеме потоа да дадеме одговор, да видиме дали продолжува да манипулира со граѓаните и сака да ги крши законите или ќе дозволи еден фер изборен процес за да можат граѓаните да го дадат својот суд дали навистина блескаме или ќе го блесне судот на народот него и СДСМ, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја коментираше фрлената ракавица на премиерот Заев за предврмени избори.

„Јас сум среќен што конечно после овие 22 месеца речиси откако како претседател на ВМРО-ДПМНЕ велам дека политиката којашто ја предводи Зоран Заев, владата на Македонија, политиките коишто ги предводат СДСМ и ДУИ се погрешни, ја водат Македонија во погрешна насока, денеска и самите тие самокритични беа и признаа дека е време за промени во Македонија, време да победи обновата и време конечно да им се стави крај на оние политичари кои со лаги и измами, со нереализирани ветувања, со неисполнети очекувања ги користи привилегиите во владата на Македонија. Доаѓа тој ден и сите ве повикувам заедно масовно тој ден да излеземе и да им ја испорачаме казната којашто за нив следува, а тоа е да бидат во опозиција, а потоа одговорност од првиот до последниот“, рече Мицкоски.

Според него, секој оној којшто како политичар ја добил довербата од граѓаните, излегол, ветувал, се обврзувал, а не исполнил, не само што не исполнил туку почнал да дејствува коруптивно, криминално, секој момент којшто се засрамил пред граѓаните со своето однесување, ќе сноси одговорност без разлика од која политичка партија доаѓа.

„Ќе отвориме да видиме и не само политичарите туку и сите останати ќе видиме како е тоа возможно обвинители и судии да располагаат со богатство коешто располагаат. ќе отвориме да видиме како е тоа возможно обвинители, судии, денес ка да имаат неброен број станови, викендици, апартмани, да видиме како бизнисмените во транзицијата го пљачкосуваа народот и луѓето ги оставија на улица и стотици илјади наши сограѓани денеска имаат потежок живот поради таа транзиција, поради тоа што е нечесно и нечестито. Ќе предложиме уставни измени, економскиот криминал да не застарува, економскиот криминал да нема век на траење, секој којшто го направил да одговара“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека ако дојдат на влас, народот на избори ќе си го бира јавниот обвинител, народот ќе одлучи кој ќе биде јавен обвинител, а тој да биде обврзан пред народот да гони и прогонува секој којшто сторил криминал.

„Доста е компромиси во политиката, доста е со политички памфлети. Овој народ е уморен од политиканство. На овој народ му треба засукување ракави и многу работа. Доста е филозофии, доста е бесцелни прес конференции, доста е лаги, доста е шарени измами. На овој народ му требаат честити луѓе, политичари коишто тоа што ќе го ветат тоа и ќе го исполнат. Затоа апелирам до политичарите во оваа предизборна кампања нека не ветуваат тоа што не можат да исполнат. Нека не го до разочаруваат народот дополнително бидејќи народот и сега ни е разочаран. Ги полнат автобусите, полни се пероните, полни се двата аеродроми со луѓе коишто трајно ја напуштаат Македонија. И овде во Гостивар и во Тетово и во Струмица и во Штип и во Гевгелија и во Кавадарци и во Охрид и во Скопје народот си оди затоа што нема надеж, затоа што преку глава му е од политичари коишто лажат, а потоа кога ќе добијат доверба крадат. На овој народ му требаат честити луѓе, луѓе со визија, луѓе коишто знаат и сакаат да направат од Македонија модерна европска држава каде што ќе се почитува и правото, законите и Уставот. Ако ги почитуваме и правото, законите и Уставот ќе има повеќе инвестиции, ќе има повеќе пари во буџетот, ќе има повеќе пари и за образованието, ќе им повеќе пари и за полицијата и за здравството, ќе има поголеми пензии, ќе има повеќе субвенции за земјоделците, но, услов број еден“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e