(ВИДЕО) Граѓаните на протест против загадувањето: Спасете ги децата

Со снимки од А1 Он ви прикажуваме како се одвиваше  протестот преку кој граѓани и еко активисти кои излегоа да го искажат своето незадоволство од Власта за непреземање конкретни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух. Тие доставија листа со барања до градоначалникот Коце Трајановски со кои сметаат дека ќе се намали големата концетрација на ПМ 10 и ПМ 2.5 честички во воздухот.

Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „Филтри место финти“, „Воздух за сите“, „Добро бе, вие деца немате?“, „Кога ќе пораснам сакам да дишам“ и скандираат „Спасете ги децата“.

vozduh-protest

ПМ честичките се ситен ќумур од согорување во воздухот кој што е тука кој децата го дишат и го таложат во белите дробови кои после одредено време можат да станат канцер. Лицата кои освоиле некакви позиции не се грижат за децата. Градоначалниците седнаа да муабетат дека има проблем со воздухот, а воздухот е загаден 4 години и секоја година е повеќе и повеќе, зошто се праите луди, запраша активистот Лазар Ѓуров.

Протестираме за по чист и по квалитетен воздух во сите градови низ Македонија зошто сите сме свесни дека е загаден воздухот и што дишеме, но моментот е нешто да се превземе. Дојдени сме со барања кои што се надеваме во најскор можен рок ќе се применат. Редно време е да превземеме конкретни мерки и чекори зошто веќе се загушивме, рече Горјан Јовановски активист за почист воздух.

Воведување на системот пар-непар за моторните возила, бесплатен превоз цела зима, засилени инспекции, казна од 10 години затвор за уништување на било каква вегетација и стопирање на сите проекти и пренамена на средствата за лечење на болните од загадувањето се само дел од барањата на граѓаните до новата власт и локалните самоуправи со цел да се реши енормниот проблем со аеро загадувањето.

zagaden-vozduh-protest

Свесни сме дека проблемот не може да се реши за 24 часа, но можеме да го намалиме. Треба да се обидеме да го намалиме проблемот во овој момент почнувајќи од воведување на системот пар-непар, бесплатни автобуси, да се прекине со градежништвото како и треба да се откажеме од многу други работи, рече Јован Мазгански.

Организаторите тврдат дека ниту една политичка партија не стои позади овој протест и дека собирот е без политичка позадина. Тие доставиле барање за средба до Премиерот на РМ за да се разговара на оваа тема како и да му се достави граѓанската листа на мерки за решавање на проблемот.

protestttttt

Ова е целиот список на барања на граѓаните до Собранието и новата Влада.

1. Воведување на пар-непар за моторните возила.
2. Забрана за движење на возила кои се без катализатори за издувни гасови.
3. Бесплатен градски превоз цела зима.
4. Итна набавка и бесплатна поделба на маски со потребни стандарди за заштита (со потребни димензии) за целото население (и за деца) на Скопје.
5. Излегување на терен на зголемен број на инспекциски тела за контола на начинот на греење на граѓаните.
6. Обезбедување на бесплатен огрев за граѓаните кои се грејат на гуми и други штетни материи.
7. Ненајавени контроли на оџаците на индустриските капацитети кои ( се сомневаме дека) загадуваат.
8. Привремена забрана за работа на сите индустриските капацитети кои (се сомневаме дека) загадуваат.
9. Да се формира кризен штаб во Центарот за управување со кризи кој ќе ја следи состојбата и ќе предлага и презема итни мерки против загаденоста на воздухот.
10. Запирање на сите градежни работи во Скопје.
11. Почесто и потемелно чистење на улиците од улична прашина.
12. Полициски контрола на возила кои носат нечистотија на гумите, особено такви кои излегувата од градилишта.
13. Контрола дали се спроведуваат обврските за чистење на јавните површини околу градилиштата од тие чија обврска е да го прават тоа.
14. Да се набават и бесплатно да се делат велосипеди.
15. Новиот парламент да донесе закон за забрана за уништување на било каква вегетација. Кој ќе исече дрво или уништи парк да добие затворска казна од 10 години.
16. Новиот парламент да се донесе законска регулатива според која доколку загадувањето ја надмине пропишаната нормала веднаш да МОРА да се преземаат мерки.
17. Стопирање на сите непотребни трошења за луксузирања (панорамско тркало, боемски улици, стиропорни фасади….) и пренамена на парите за заштита на населените, лечење на болните поради загадувањети и мерки за подобрување на состојбата и решавање на жариштата за загадување (Линданот во Охис, насобраниот одпад во кругот на велешка топилница и други слични потенцијални еколошки бомби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e