(ВИДЕО) Документарен филм кој точно ја прикажува нераскажаната страна на вирусот, по препорака на Николовски

Еден час ми трае сесија тренинг (кога ќе најдам време за тоа 😉).

Околу еден час ми трае патувањето од Скопје, до роднините во Крива Паланка, нешто што редовно го правам. А помалку од еден час, нешто што секој од нас може и треба да си го дозволи, трае овој документарен филм 👇 [https://youtu.be/U8q2IEj-j24].

Деновиве изгледав неколку прилози снимени во нашите клиники, секоја чест за авторите, па посакав да погледнам нешто и од странство.

Во овој документарец, екипата добила комплетен пристап до болница во епицентарот на заразата во еден од италијанските региони. Резултатот е еден филм од кој се заледува крвта, но филм кој точно ја прикажува нераскажаната страна на вирусот, онаа од болничките ходници.
А за нас, истиот нека биде лекција. Погледнете го и знајте дека вирусот не е никаде заминат, барем засега не смееме да се опуштиме. Да останеме присебни и цврсти во борбата, бидејќи иако ја добиваме, таа сè уште не е завршена 🇲🇰

Од нас зависи, сите да помогнеме во борбата со коронавирусот. Само со почитувањето на 3 едноставни правила се штитиме себе и здравјето на другите:

1️⃣ Одржувај физичка дистанца од 1,5 до 2 метри 🧍‍♂️ ↔️ 🧍‍♀️
2️⃣ Задолжително носи заштитна опрема 😷🧤
3️⃣ Често миј ги и дезинфицирај ги рацете 🤲🚿

ФБ статус на Љупчо Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e