(ВИДЕО) 360° Фрчкоска: Јанева е во лоша здравствена состојба, прима соодветна терапија

Ирена Данаилова-Фрчкоска, aдвокатка на Катица Јанева, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за здравствената состојба на Јанева во притворот.

„Во зависност од потребите и координацијата, се среќаваме два до три пати во неделата. Јанева е во лоша здравствена состојба, пати од хронични болести. Секој човек на нејзино место, претпоставувам од преголемиот стрес што го доживеа, не би се чувствувал добро на нејзино место, прима соодветна терапија…“, рече Данаилова-Фрчкоска.

Таа ги отфрли како апсолутно неосновани наводите според кои токму таа состојба се доведува во врска со дилемите за тоа колку била во позиција на соодветен начин да расудува кога ги потпишувала дописите коишто ги прати до јавниот обвинител, за предавање на надлежноста на предметите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e