Ветрот однел две девојки од Охрид на километар од брегот – Езерската полиција морала да интервенира

Две млади охриѓанки биле спасени од езерската полиција откако поради силен ветер и големи бранови останале заглавени на Охридското Езеро и не можеле да се вратат на брегот.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро. Било пријавено дека две лица, кои пловеле со СУП-даски на околу еден километар од брегот, спроти автокамп во Охрид, барале помош.
Полициски службеници веднаш излегле на терен и ги пронашле девојките на околу два километри од брегот, како се обидуваат да ја одржат рамнотежата на даските.
Станува збор за Е.С. (19) и И.А. (18), двете од Охрид. Според МВР, поради наглото влошување на временските услови, силниот ветер и високите бранови, тие биле оттурнати сè подалеку од брегот и не можеле самостојно да се вратат.
Двете девојки биле безбедно префрлени на полициските чамци, а потоа и во просториите на езерската полиција.
Од СВР Охрид и езерската полиција апелираат до капачите и корисниците на СУП-даски и педалинки да не се оддалечуваат од означените безбедносни зони и доследно да ги почитуваат мерките за безбедност на вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e