Вашингтон: Ја осудуваме потпалувачката реторика од некои политички лидери

Загрижени сме за зголемената политичка напнатост во Македонија, што уследи по изборите на 11 декември, порача портпаролот на Стејт департмент Џон Кирби. „Ја осудуваме потпалувачката реторика од некои политички лидери, напаѓајќи ги демократските институции и амбасадорите акредитирани во Македонија“, изјави Кирби, на синоќешната прес конференција. „Ги повикуваме политичките лидери да престанат со нападите, да ги почитуваат демократските процеси и да дозволат формирање на кредибилна и стабилна влада, која ќе биде одговорна и ќе ги почитува владеењето на правото и фундаменталните слободи“, истакна Кирби. Тој нагласи дека САД се подготвени да дадат поддршка на таква влада, за да може да се постигне долгорочната цел на Македонија – евроатлантска интеграција. – пренесе 24 Вести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e