Урко не се појави на суд да сведочи за мерцедесот

Дејан Митревски -Урко денеска не се појави во Кривичниот суд каде што беше повикан како сведок на рочиштето за случајот „Тенк“, во кој обвинет е екс премиерот Никола Груевски.

Одбраната на Груевски не беше информирана зошто Урко не се појави во судница, поради што судијката Добрила Кацарска им наложи да му се јават по телефон и да го повикаат.

За набавката на мерцедесот од 580.000 евра треба да сведочат осум сведоци, кои биле задолжени за обезбедување на Груевски додека беше премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e